5. Парохијал
3. März 2010 — OperatorПочитувани браќа и сестри, поради огромната важност на оформување на највисокиот црковен орган во оваа црковна општина, ве известуваме дека во наредните 20-30 дена ќе бидете посетени од членови на групата за официјализирање на Членското Собрание при црковната општина Св. Климент Охридски, и ќе ви биде понудена можноста да бидете дел од овај највисок црковен орган, Црковното Членско Собрание.
Искористетеја оваа можност и бидете дел од овај историски момент кога Македонците од Берлин, обединети рамо до рамо, градат парче Македонска историја во срцето на Европа, во главниот град на Федеративната Република Германија, Берлин.
За поефикасно да функционира Црковното Членско Собрание чланарина/парохијал ќе се уплаќа само преку Dauerauftrag. Апикација за членство во Црковното Членско Собрание и Формолар за автоматско плаќање на чланарина/парохијал можете да најдете во рубриката Документи.
Доколку сакате да донирате дополнителни средства за изградбата на црквите, слободно можете тоа да го направите на долунаведените информации.
BERLINER VOLKSBANK
BLZ: 100 900 00
Kto.-Nr.: 572 698 10 02
Verwendungszweck: Donacija za crkvite
