3. Изградба на Црква

Велигденско чудо!

Празникот Велигден е празник над празниците  затоа што се случило чудо, годпод Исус Христос ја победил смртта и воскреснал од мртвите.  Послем 20 столетија, на овај празник се случи исто така едно големо чудо и тоа во срцето на Европа, Берлин.  Голема чест ми е да пишувам за една мала група на херои, маченици кои успеаја за точно две недели со минимален буџет од околу 11,000€ да изградат мал црковен храм во европската метропола, Берлин и послем повеќе од 40 години да си го прослават овај голем празник во свој Македонски Православен Црковен Храм.

Се отпочна пред повеќе од 19 годнини со еден сон, една желба, македонските исселеници во Берлин да си имаат свој црковен храм каде ќе можат да му се помолат на господа во своите среќни и тажни мигови. Овај сон почна да станува јаве кога во 2007 година Македонската Црковна Општина Св. Климент Охридски, на чело со г-динот Стојмир Костадиноски, успеа да купи свое место каде би можело во иднина да се изгради еден црковен храм. Поради малиот буџет, се одлучи најпрвин да се изгради една мала црквичка Св. Пресвета Богородица а потоа да се гради еден убав голем Црковен Храм во чест на Св. Климент Охридски. 

На 19.09.2009 во 9:00 часот се освети ова црковно место и се постави камен темелникот на оваа мала црквичка.  Додека се чекаше на бирократските процедури за дозволата за градење, во Германија надојде студена и долга зима. Временските условии никако не дозволуваа да се отпочне со градење на овој свет храм. Се поставија провизорни шатори каде се дочекаа Божиќните празници и доколку времето не се подобри се планираше тука да се дочекаат и Велигденските празници. 

 26, Фебруари 2010 год, ден на голема жалост за оваа црковна општина. Послем неколку дена од поставувањето на натписна табла до името и ознаките на оваа црковна општина, на 26.02.2010 год во раните утрински часови од досега непознати лица,  со вандалси чин беше опожарен провизорниот шатор Св. Пресвета Богородица. Овај вандалски чин го погоди длабоко во срцата сите мекедонци кои живеат во Берлин и нивниот сон се чинеше уште понеостварлив.

Нашата мајка Македонија родила многу херои кои во тешки моменти жртвуваат се што имаат, се пријавуваат добровилно и со божја помош создаваа чуда! Господ бог се смилува на молитвите на овие верници и им додели 14 дена поволни временски условии да изградат црковен храм и да го прослават неговото воскресение на свое тло.  Тие мекедонски херои со срца лавовски се следниве македонски синови: Миле Гошев, Стојмир Костадиноски, Трајан Нешкоски, Диме Цветанов, Душко Лазаревски, Горан Кауфманн Димески, Санде Ангелов, Петре Дивјакоски, Кире од Велес, Јанко Пирковски, Томас Јошески, Живко Пејоски, Богоја Лјубевски, Живко Марковски, Иван Ристовски, Роберт Пирковски, Александар Черговски, Жан Алексов, Александар Ристовски, Блажо Ковачки, Киро Стојановски, Миле Башков, Мане Јаковлевски, Сашо Ристов, Марио Личнов,Славе Колески, Мартин Стојкоски, Ѓорѓи Личнов, Лупчо Милошевски, Пипо од Кочани, Киро Стојановски, Ванчо Ангелов, Блажо Михајлов, Никола Тасевски, Дојчин Стојановски, Влатко Ковачки, Александар Николов и Сашо Вартманн.    

Овие маченици работеја од утро до мрак, по 14 часови доброволна работа, на дожд, ветер, студ, и со насмевка и шала градеја камен по камен, цигла по цигла.  Многу од нив никогаш не граделе на градежен пројект но со искуството на постарите и силата и енергијата на помладите ова црквиче полека заличуваше на црквиче.  Се соединија и најскараните верници, си опростија и братски рамо до рамо напорно работеја се со цел овај пројект да биде готов до Велигден.  Чудата божји стануваа јаве. Како Бог да им даваше сила и знаење на овие херојски маченици и ги штитеше од повреди.  Рачно се изработуваа метални прозори, метални врати, метален крст и тоа во рок од 24 часа! На градежните препреки овие јунаци никогаш не одговорија со невозможно, неостварливо, времето е прекратко, него веднаш се фаќаа за работа и ги надминуваа сите препреки.  Германски минувачи се чудеја на брзата изградба и на силата на овие македонски синови и одсрце им честитаа.

Дојде и Велика Сабота, денот на големата света литургија за Велигден. Се завршија финалните подготовки и црквичето Св. Пресвета Богородица со додатната стреа беа подготвени за масовниот дочек на македонски православни верници.  Долго очекуваниот сонот стана јаве! Во очите и срцата на овие херои можеше само да се види радост, среќа, задоволство.  Болката од напорната работа беше заборавена и срцата беа полни со радост од овај успех.

Вакви приказни се запишани во бајките и во легендите, но ова не е приказна него вистинита македонска случка со која македонската историја може да биде горда на овие јуначки синиви.  Нека овие херои бидат инспирација за сите македонци и нека остават порака дека обединети сме посилни и заедно можеме чуда да создаваме.  

 

Prv Den od Izgradbata

Prv Den od Izgradbata

 

Prv Den od izgradbata 2

Prv Den od izgradbata 2

 

Prv Den od izgradbata 3

Prv Den od izgradbata 3

 

 

Den 5 od izgradbata

Den 5 od izgradbata

Den 5 od izgradbata 2

Den 5 od izgradbata 2

 

Den 5 od izgradbata 3

Den 5 od izgradbata 3

Den 5 od izgradbata 4

Den 5 od izgradbata 4

 

Крстот на Црквата

Крстот на Црквата

Северна Страна на Црквата

Северна Страна на Црквата

Црквата и Стреата

Црквата и Стреата

Останаја уште работи недовршени како уредување на дворот, поставување на ограда, цртање на фрески, довршување на црквичето за кои се потребни додатни финансиски средства.  Доколку сакате да помогнете да донирате парични средстватоа можете да го сторите на следновo конто (Spendenkonto):

BERLINER VOLKSBANK

BLZ: 100 900 00

Kto.-Nr.: 572 698 10 29

Verwendungszweck: MPCO BERLIN SPENDE

За донацијата ќе добиете Spendenbeleg. Со овој  документ можете да се обратите до Finanzamt. Донацијата можете да си ја одбиете од данокот.

Доколку сакате да донирате градежни материјали, цвеќиња, дрвца и преостанати работи тоа можете да го сторите секоја Недела од 10:00-12:00 часот или обратете се кај Претседателот.