2. За нас

Македонска Православна Црковна Општина
-Св. Климент Охридски- Берлин

Во 1991 година, ние, Македонците во Берлин меѓу првите во Германија се организиравме во црковна општина, а зa свој патрон го избравме Св. Климент Охридски, наш светител учител, просветител. Истата година е избран и Црковен одбор на чело со г. M. Јаковлески.

На 12 Мај 1991 година, тогашниот Mитрополит Брегалнички, а сега Архиепископ Охридски и Македонски г. г. Стефан, ја посети црковната општина во Хамбург. Македонците од Берлин го поканија да ги посети во Берлин и да ги поучи во словото на вистината. Митрополитот Стефан, како некогаш, светиот Апостол Павле во Троада, кој имал видение во кое видел пред него човек-Македонец, кој дошол да го покани Апостолот да ја посети Македонија и Македонците, ја прифати поканата и го посети Берлин.

На 17 Мај 1991 година во просториите на Македонскиот Клуб „Гоце Делчев“ се одржа основачко собрание и се одбра црковен одбор од 16 членови. Оттогаш, oдборот работи активно и веќе наредната година во ноември, Митрополитите Тимотеј и Стефан дојдоа во Берлин и го осветија Иконостасот, во преполнета црква од верници Македонци. Од тогашната глетка на присутните во црквата, може да се заклучи дека навистина не има доста, дури и повеќе од 4000 Македонци.

Од 1991 година до Март 2010, богослужбите ги извршувавме во црква во Berlin - Wedding.

Во Јуни 2007 година црковниот одбор на чело г. С. Костадиноски купи место за изградба на наша Македонска Православна Црква. На ова место е предвидено да се изградат една мала црквичка (параклис) Св. Пресвета Богородица и една голема црква Св. Климент Охридски. 12 Дена пред големиот празник Велигден, македонците од оваа црковна општина си зададоа за цел да го реализираат малиот проект, црквичката Св. Пресвета Богородица, до овај голем празник Велигден.  Бог се смилува и подари убаво време, им даде сила на оваа мала група доброволци и со 14 цасовна работа на ден се успеа овој проект да се реализира. 

Од сега па натаму црвичето е отворено секоја Недела од 10:00-12:00 часот и сите свети литургии ќе се одржуваат на ова место.  

 Денес во Берлин функционираат Црковната Општина „Св. Климент Охридски“ Берлин и фудбалскиот клуб „ФК Македонија 1970“. Ако успееме да изградиме голема црква со помошни простории, тогаш сите активности би се одвивале на едно место.

Храмот Божји не е само место за Молитва, туку наше македонско катче за сите наши средби, разговори, свечености, празнувања, затоа ве покануваме секоја Недела да дојдете и заедно да се подружиме на нашето македонско место на Ostorfer Str. 16, Lichterfelde.

Поздрав и почит до сите наши браќа и сестри

Горан Кауфманн Димески-Претседател на Црковната Општина - Берлин